Кандидат за локални избори на АфД нападнат со нож во Манхајм
5 јуни 2024Кандидат на АфД за локалните избори во вторникот вечерта е напднат со нож во Манхајм, при што е повреден, а напаѓачот е уапсен, како што јави новинската агенција ДПА.
Настанатот се случил во доцните вечерни чаови, потврди полицијата во Манхајм. Според наводи од регионалниот огранок на АфД, инцидентот се случил во близината на пазарот во квартот Рајнау. Кандидатот на АфД фатил на дело лица кои кинеле плакати, а кога се обратил кон едно од нив барајќи образложение, бил нападнат со нож и повреден. Според информации од АфД, во инцидентот биле вклучени три лица, а двајца успеале да побегнат.
Политичарот на АфД се наоѓа во болница, но добил само сеченици. АфД тврди дека нападот го извеле левичарски екстремисти, но наводите не можат да бидат официјално потврдени.
Во изминатите недели во Германија внимание предизвикаа бројни напади врз политичари од различни политички партии. Меѓу другите, во Дрезден беше претепан изборен кандидат на владејачката партија СПД, Матијас Еке.