Наколна населба стара речиси 8.000 години е откриена под водите на Охридското езеро во делот кој и припаѓа на Албанија. Археолозите велат дека ќе им бидат потребни 20 години за целосно да ја откријат историјата на населбата и да одговорат на прашањето: зошто селото било утврдено со одбранбени столбови?