1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел го прогласи Гутереш за непожелна личност

ЕМФ | агенции | АРД
2 октомври 2024

Израел смета дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш не го осудил „недвосмислено“ иранскиот напад и поради тоа го прогласи за непожелна личност.

https://p.dw.com/p/4lKp3
Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН
Антонио Гутереш, генерален секретар на ОНФотографија: Luiz Rampelotto/EuropaNewswire/picture alliance

Израел и му забрани влез во земјата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го обвини Гутереш дека е пристрасен и го прогласи за „персона нон грата“.

„Секој кој недвосмислено не го осудува грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што направија речиси сите земји во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, напиша Кац на платформата Х. Генерален секретар „кој ги поддржува терористите, силувачите и убијците од Хамас, Хезболах, Хутите и сега Иран“ ќе влезе во историјата на ОН „како срамна дамка“, смета Кац.

„Ова мора да престане“

По нападот, Гутереш општо ги предупреди конфликтните страни да покажат воздржаност: „Ова мора да престане. Апсолутно ни треба прекин на огнот“, напиша тој на платформата Х.

Гутереш постојано го критикува Израел откако е почната војната во Газа и ја обвини неговата армија за кршење на меѓународното хуманитарно право. Тој го осуди терористичкиот напад на Хамас на 7-ми октомври претходната година, но укажувајќи на израелската окупација на палестинските територии, рече дека тоа не се случило „во вакуум“.