1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц и Макрон сакаат обединети да го дочекаат Трамп

СН/агенции
6 ноември 2024

Берлин и Париз сакаат да се соочат со идниот американски претседател Доналд Трамп обединети и самоуверени. Лидерите на Германија и на Франција се обврзаа на потесна соработка по исходот од изборите во САД.

https://p.dw.com/p/4miF2
Макрон и Шолц на средба во мај минатата година
Макрон и Шолц на средба во мај минатата годинаФотографија: ODD ANDERSEN/AFP via Getty Images

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон  телефонски разговаа за можните ефекти од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Портпаролот на германската влада рече дека двајцата ветиле дека ќе соработуваат уште потесно во иднина.

„Ќе работиме во овој нов контекст за пообединета, посилна, посуверена Европа. Во соработка со САД и бранење на нашите интереси и вредности“, напиша Макрон на социјалната мрежа X. 

Министрите за одбрана на двете земји, исто така, ќе разговараат денеска на истата тема. Не е познато каков пристап ќе има Трамп кон руската војна во Украина, иако посочи дека ќе биде многу помалку пријателски настроен кон Киев од неговиот претходник, претседателот Џо Бајден.

Трамп: Нема да започнам војна

Трамп, исто така, зазеде понепријателски став кон сојузниците во НАТО додека беше на функцијата, редовно повторувајќи ги барањата да ги зголемат трошоците за одбрана.

Доналд Трамп прогласи победа на изборите во САД

Во говорот пред неговите приврзаници во раните утрински часови, Трамп не зборуваше за меѓународните сојузници и не се осврна на надворешната политика, освен што рече дека нема намера да започне никакви војни.