Избори во Русија: Путин се велича и се колне во единство
18 март 2024На руската државна телевизија интерпретацијата на изборниот резултат, според кој, актуелниот претседател освоил околу 87 насто од гласовите е дека руското општество се зближува и консолидира околу Владимир Путин. Тоа беше коментарот на водителите, а и на тројцата противкандидати кои и немаа никакви шанси. Особено патетичен беше Николај Харитинов од Комунистичката партија, кој истакна дека „народот како никогаш до сега е обединет и верува во наша победа и затоа се консолидира околу Путин”, додавајчи дека „на границите умираат луѓе, а надежта е голема и КП прави сѐ заедно со Путин за да се победи фашизмот во Украина”.
Илегално гласање во украинските региони
Уште пред да затворат последните изборни места на западот на Русија, беа објавени првичните резултати од гласањето во другите делови од земјата. На далечниот исток и во украински Доњецкнаводно преку 95 проценти од гласачите гласале за реизбор на Путин.
Заменикот претседател на Советот на федерацијата и генерален секретар на „Обединета Русија”, Андреј Турчак, рече дека „високата излезност во овие три дена потврдува дека не може да нѐ скршат, ниту жителите во пограничните региони, ниту жителите во нашите региони”. Украинските региони според меѓународното право не ѝ припаѓаат на Русија, но тоа за него очигледно не претставува проблем.
Властите наведуваат излезност од 74 проценти
Севкупно излезноста изнесувала 74 проценти, највисока во историјата на претседателски избори во Русија. Според тамошните власти, немало поголеми пречки во изборниот процес, но независните набљудувачи од од организацијата „Голос” забележале преку 1.600 нерегуларности.
Поранешниот претседател Дмитри Медведев ги нарече предавници луѓето кои со палење или боење на урните се обиделе да изразат протест. Организациите за човекови права велат дека се поднесени преку 60 кривични пријави.
Русија тврди дека имало мешање од странство
Од гледна точка на руското раководство, изборите биле попречувани само од странство. На Украина и САД им се префрлаат кибернетски напади. Наводно имало преку 8 милиони напади од почетокот на годината врз страниците на Централната изборна комисија, чија претседателка Ела Памфилова изјави дека „нападите кои ги доживеавме се без преседан. Војната не се води само со западно оружје на териториите каде што се одвива специјалната операција, туку и со сајбер напади”.
Таа рече дека тоа е „сосем ново ниво, но дека тие ќе го надминат тоа”. Памфилова рече дека „му се заблагодарува на Западот затоа што луѓето кај нас разбраа колку е важно да се обединети. Колку посилен е притисокот, толку посилен е отпорот."
Кремљ се колне во „единство” на луѓето
И Путин кој се појави уште доцна вечерта повика на единство на луѓето и рече дека „пред нас има големи задачи. Но, ако сме обединети, мислам дека тоа сите го сфатија, ништо и никој не може да нѐ заплаши и потиснува. Тоа никогаш не успеало и нема да успее. Сите наши грандиозни планови без долеми ќе бидат реализирани и по секоја цена сите цели постигнати." Русија се обединува - и му се заканува на Западот исто како и на Украина. Тоа треба да се пораките пред петтиот мандат на Путин, кој трае до 2030-та година.