Истрели на победничката Супербол-парада во Канзас Сити
15 февруари 2024Истрелите во Канзас Сити се слушнале веднаш по завршување на Супербол-парадата, во близина на паркинг-плац кај железничката станица. Шефот на противпожарната служба Рос Грандисон изјави дека притоа е убиено едно лице, а повредени се 22-ца. Петнаесетмина од повредените имаат животнозагрозувачки рани. Единаесетмина од повредените се деца.
Шефицата на полицијата Стејси Грејвс изјави дека се уапсени три осомничени лица, но сѐ уште не е познат мотивот за пукањето.
Американскиот претседател Џо Бајден побара построги мерки за контрола на оружјето во САД и соопшти дека заедно со сопругата се молат за „денеска убиените и повредените во Канзас Сити и за тоа нашата земја да најде решителност за да стави крај на оваа бесмислена епидемија на вооружено насилство“.
Канзас Сити Чифс ја прослави титулата
На парадата кошаркарите на Канзас Сити ја прославија својата четврта Супербол-титула. Тимот беше гласно бодрен од илјадници навивачи распоредени долж патеката долга 3,22 километри. Играчите и тренерите се движеа во црвен двокатен автобус. Бидејќи многу училишта останаа затворени тој ден, меѓу навивачите имаше и многу деца.