Информации за експлозии на Кримскиот мост
17 јули 2023Во инцидент на мостот кој води до полуостровот Крим, кој е анектиран од Русија, загинале две лица, јавуваат локалните власти. Според гувернерот на Белгородската област во јужна Русија, Вјачеслав Гладков, станува збор за родители на повредено дете. „На видео на интернет сите (...) видовме оштетен автомобил со белгородски таблички“, соопшти Гладков на Телеграм.
Додека на социјалните мрежи се зборува за експлозија, властите не наведуваат што точно се случило денеска во раните утрински часови.
Полицијата на Кримскиот мост ги известила возачите дека траектот на мостот не работи, објави руската државна новинска агенција РИА.
Патот и железничкиот мост преку теснецот Керч, беше отворен во 2018 година. Тој е долг 19 километри и е најважната копнена врска меѓу Русија и Крим. Во октомври минатата година, мостот беше сериозно оштетен од експлозија.
Крим е постојано цел на напади со дронови. Украина најави дека со контраофанзива сака да си ја врати таа територија.