1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата висока - растат трошоците за храна и облека

ДТЗ
7 мај 2024

Во однос на ланскиот април, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

https://p.dw.com/p/4faXl
инфлација, храна
Инфлацијата и понатаму висока: растат трошоците за храна и облекаФотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

Инфлацијата во Северна Македонија и понатаму е висока, со што станува се потешко да се подмират основните трошоци за живот. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика пораснале цените на храната и облеката, додека се забележува намалување на цените на мебелот и покуќнината. 

„Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти“, посочуваат од Државниот завод за статистика

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот за алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование. 

леб
Според најавите на пекарите, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени во наредните два месециФотографија: David Hughes/robertharding/picture-alliance

Скок за четири проценти од лани 

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент. Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти. 

Цените на угостителските услуги во април, пак, во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти. 

Според најавите на пекарите, цената на лебот и на останатите основни прехранбени производи во земјава нема да се промени во наредните два месеци, иако има промени во цените на житото на светските берзи. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија.