Индиската сонда Чандрајаан-3 успешно слета на Месечината
23 август 2023Индиската сонда Чандрајаан-3 денеска успешно слета на Месечината. Според индиската вселенска агенција, сондата безбедно го допрела тлото на претходно малку истражениот јужен пол на земјиниот сателит. Ова ја прави Индија четвртата земја што слета на Месечината по САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина што го постигнала овој подвиг. Тоа воедно е и првото слетување на јужниот пол на Месечината. Пред само неколку дена при сличен обид се урнаруската сонда Луна-25.
Ракетата Чандрајан-3 беше лансирана на 14 јули од јужниот индиски остров Шрихарикота. На лунарната сонда и` требаше значително подолго време за да стигне до Месечината отколку, на пример, мисиите Аполо со екипаж на САД во 1960-тите и 70-тите години. Од друга страна, трошоците на индиската мисија, еднакви на околу 66 милиони евра, се значително помали отколку во другите земји.