Илон Маск се повлекува, Твитер веројатно добива нова шефица
12 мај 2023Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека го нашол вистинскиот кандидат за функцијата извршен директор на оваа социјална мрежа, но не откри за кого станува збор.
„Возбуден сум што можам да соопштам дека имаме нова извршна директорка на Твитер. Таа ќе почне да работи за околу шест недели“, напиша Маск на Твитер.
Тој потврди дека ќе ги преземе функциите на „извршен претседател и технички директор за надзор на производи, софтвер и системи“.
Овој потег веројатно ќе ги ублажи стравувањата на инвеститорите на компанијата Тесла кои сѐ повеќе се загрижени за времето кое Маск го посветува на Твитер.
Илон Маск, кој е и сопственик на компанијата Спејс Екс, која се занимава со вселенски проекти, на крајот на минатата година објави дека бара кандидат за позицијата извршен директор на Твитер.
„Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор веднаш штом најдам некој доволно глупав да ја преземе оваа работа“, изјави тогаш Маск.
Во меѓувреме американскиот весник Волстрит Џурнал објави дека претседателката за глобално рекламирање и партнерства во американскиот медиумски концерн Ен-Би-Си Јуниверзал, Линда Јакарино, е во преговори да стане нова извршna директорка на Твитер.
Јакарино работи во koncernot повеќе од една деценија, каде што беше застапниčka за изнаоѓање подобри начини за мерење на ефективноста на рекламирањето, пишува американскиот весник. Таа исто така беше еден од клучните играчи во лансирањето на услугата за стриминг Пикок.