Ифо: Средниот слој во Германија се топи
7 август 2023Средниот слој во Германија на својот грб носи најголем даночен товар споредено во европски рамки. „Со гранично оптоварување од околу 50% од бруто платата во даночниот и трансфер-системот, на луѓето со средни приходи ефективно им останува само половина од секое заработено евро. Оттука, да се работи повеќе за луѓето од средниот слој се исплаќа само донекаде“, вели раководителот на Ифо-центарот за макроекономија и истражувања, Андреас Пајхл.
Според Пајхл, истражувањето на Ифо покажало дека околу 80% од испитаниците сметаат дека му припаѓаат на средниот слој во општеството, но фактите зборуваат дека средниот слој во земјата се намалува. Според дефиницијата на ОЕЦД, во 2019 година во Германија на средниот слој му припаѓале само 26 милиони домаќинства, односно 63%. Иако падот во споредба со 2007 година е само 2% и „изгледа умерен, тој во споредба со други европски земји е впечатлив“, оцени истражувачот на Ифо, Флоријан Дорн.
Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во среден слој се вбројува оној кој има на располагање меѓу 75% и 200% од просечната плата. Тоа кај самостојните претприемачи во 2019 година значело нето-платапомеѓу 17.475 и 46.600 евра годишно. Двојките припаѓаат кон средниот слој ако располагаат со приход помеѓу 36.698 и 97.860 евра.