1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хранилките за птици - прва помош за нивното презимување

Ана Арсеновска-Зафирова
27 јануари 2024

Во Македонија има 320 различни видови на птици, што според еколозите е навистина импресивна бројка. Нивното чување придонесува за голем и убав диверзитет. Славе Накев од Македонското еколошко друштво покажува што може да направите за птиците за да имаат доволно храна дури и во текот на зимата.

https://p.dw.com/p/4biCp

Хранилките им помагаат на птиците да ја минат зимата. За жал, во Скопје ги нема често.

Орнитологот Славе Накев од Македонското еколошко друштво нé учи како да направиме хранилка:

„Наједноставно и најеколошки е да се направи некое топче кое внатре ќе содржи најразлични семиња. Битно е семињата да не бидат термички обработени. Да се помешаат со маст од животинско потекло, независно дали е свинска или говедска маст, и наједноставен начин е со три гранчиња, да се врзат на двата краеви, во средината ставаме топче и тоа можеме да го закачиме каде било.“ 

Според Накев, кејот на Вардар е „една од најдобрите локации за презимување на голем број на патки, галеби, чапји, на водни птици, на кои животот и исхраната им зависи од водата. Исто така и Градскиот парк е едно од местата во Скопје каде што има најголем број на видови на птици. Како едно од позначајните места за птиците, за присуството и гнездењето на птиците можеме да ги издвоиме Расадник во Кисела Вода и парк шумата Гази Баба. Ова се места каде што можат да се сретнат птици кои се нетипични за градски средини.“

Повеќе во видеото