1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Грците на протести поради железничката несреќа

БГ /АФП
2 март 2023

Илјадници Грци излегоа на протести во Атина и Солун по трагичната железничка несреќа која однесе 57 животи. Надлежните велат дека се работи за човечка грешка, но многу нешта упатуваат и на хронична негрижа од државата

https://p.dw.com/p/4OBa5
Грција Протести
Илјадници Грци излегоа на протести во Атина и Солун по трагичната железничка несреќа која однесе 57 животи. Фотографија: LOUISA GOULIAMAKI/AFP

Расте бесот во Грција поради фаталната железничка несреќа во која загинаа најмалку 57 луѓе. Стотици луѓе протестираа пред седиштето на националниот оператор Хеленик Возови во Атина.
„Лути сме на компанијата, на оваа и на минатите влади затоа што не сторија ништо да ги подобрат условите на грчката железница“, изјави еден демонстрант.

Во Солун протестите прераснаа во насилство откако демонстранти фрлаа камења и петрол-бомби. 
Паралелно, на штрајк излегоа и вработените во грчките железници, незадоволни поради менаџирањето на администрацијата. 

Протести Грција
Протести во ГрцијаФотографија: AFP

Најавувајќи го 24-часовниот прекин на работата во четвртокот, железничкиот синдикат го критикуваше „недостатокот на грижа за грчката железничка мрежа од страна на повеќе влади низ годините, кои доведоа до овој трагичен исход“. 

Хронични проблеми 

Владиниот портпарол Јанис Економу рече дека истрагата ќе ги истражува „хроничните одложувања на поправката на железничката мрежа, одложувања предизвикани поради хроничните проблеми во јавниот сектор и децениите на неуспеси“. 

Грција Кирјакос Мицотакис
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во посета на местото на несреќата кај ЛарисаФотографија: Vasilis Ververidis/MotionTeam/ANE/IMAGO

Властите соопштија дека причина за несреќата е човечка грешка. 

Премиерот Кирјакос Мицотакис, кој бара нов мандат на изборите оваа пролет, изјави дека несреќата била резултат на „трагична човечка грешка“.

Но, од железничкиот синдикат велат дека безбедносните проблеми на линијата Атина-Солун биле познати со години и ништо не било преземано.  

Протести Грција
Протести во ГрцијаФотографија: Vaggelis Kousioras/AP/picture alliance

Адвокатот на 59-годишниот шеф на станицата, кој е обвинет за убиство од небрежност, изјави дека неговиот клиент признал делумна одговорност за несреќата, но рече дека во игра биле и други фактори. Грчките медиуми јавуваат дека шефот на станицата бил именуван на функцијата пред 40 дена, со завршен тримесечен курс. Во средата оставка поднесе и грчкиот министер за транспорт, преземајќи морална одговорност за трагедијата. 

Страотна железничка несреќа во Грција