1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Германско разузнавање: Нема пукнатини во системот на Путин

ЖА / агенции
23 мај 2023

Претседателот на Германската служба за разузнавање, Бруно Кал, не гледа сигнали за слабеење на власта на Владимир Путин. Русија располага со доволно опрема и војници за водење долга војна, смета тој.

https://p.dw.com/p/4RhFT
Рускиот претседател Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: SPUTNIK via REUTERS

Петнаесет месеци по почетокот на руската агресорска војна против Украина, Германската служба за разузнавање (БНД) не констатира никакви индиции кои би навестувале дестабилизација на режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Без оглед на поединечни критики,на пример поврзани со испораката на муниција за руската војска на фронтот, нема никакви назнаки дека системот би бил разнишан или би имплодирал, изјави шефот на германската служба за разузнавање во странство, Бруно Кал. Но, тоа сепак не може да биде исклучено, смета тој.

„Русија, како и досега, и натаму е во состојба да води војна на долги патеки, со постојано регрутирање на нови војници. Тоа се однесува и на областите вооружување и муниција“, истакна Кал во Сојузната академија за безбедносна политика (БАКС) во Берлин.

Од тие причини, не може да стане збор за слабост или за можност од пропаѓање на операциите, иако постојат ранливости, а исто така и изненадувања, на пример во однос на ефикасноста на руската армија. Но, доколку Западот не ја поддржува Украина многу организирано и не организира отпор, стратегијата на Путин која се потпира на акции на долг рок, може да биде успешна, смета шефот на БНД.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи