1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската економија тапка во место

ЖА
27 март 2024

Водечките економски институти во Германија драстично ја ревидираат својата прогноза за 2024 година - надолу. Тие прогнозираат многу низок раст од 0,1 процент. Есеноска тие предвидуваа раст од 1,3 проценти.

https://p.dw.com/p/4eC79
Германија, фабрика на Фолксваген во Цвикау
Германската економија уште тапка во местоФотографија: Hendrik Schmidt/dpa/picture alliance

„Петте мудреци“ - како што обично се нарекуваат водечките германски економски институти од Минхен, Хале, Кил, Есен и Берлин, минатата есен и по падот од 0,3 проценти во 2023 година, сметаа на благ економски раст во 2024 година од 1,3 проценти и дури потоа во 2025 година со нешто посилно закрепнување.

Но, на претставувањето на нивната најнова прогноза мораа да посочат на „конјуктурни и структурни фактори“ според кои  Германија годинава нема да биде во минус,  но нема да биде ни далеку од тоа. Она што сè уште ја одржува германската економија е  потрошувачката на граѓаните, но и тоа има свои граници. Додуша, водечките економисти сметаат дека инфлацијата ќе остане некаде околу 2,3 проценти, но ќе треба уште многу време додека приходите на граѓаните не се вратат на нивото од крајот на 2021 година - односно пред  експлозијата на поскапувањата.  Економистите се на мислење дека тоа ќе се случи најрано во вториот квартал од следната година.

Најголем проблем е економијата воопшто:  продуктивноста не расте,  не само  градежниот сектор минува низ тешки времиња бидејќи нема нови нарачки, а проблем е и столбот на германската економија, извозот. Иако светската економија закрепнува, се уште нема значителни количини на нарачки за компаниите од Германија.

Генерално,  економијата на Германија е „нарушена“  и нивото на економски потенцијал е едвај над нивото на кое беше пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Од стопанството се слушаат гласови дека некако и полека повторно нешто се движи, но тоа е далеку од можностите на оваа држава. Всушност, дури и оваа прогноза на „Петте мудреци“ не е далеку од официјалните проценки на германската влада: таа верува дека растот во 2024 година ќе биде само околу 0,2 проценти.