1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секое трето лице со мигрантско потекло било дискриминирано

ЕМФ | агенции
25 април 2023

Секој трет граѓанин со мигрантско потекло доживеал дискриминација во Германија, покажува ново истражување на фондацијата Бертелсман.

https://p.dw.com/p/4QWIM
Бертелсман-истражување: 35 отсто од испитаниците со мигрантско потекло изјавиле дека во последните 12 месеци биле дискриминирани многу често или понекогаш
Бертелсман-истражување: 35 отсто од испитаниците со мигрантско потекло изјавиле дека во последните 12 месеци биле дискриминирани многу често или понекогашФотографија: Colourbox

Во истражувањето на фондацијата Бертелсман објавено денеска (25.04), 35 отсто од испитаниците со мигрантско потекло изјавиле дека во последните 12 месеци биле дискриминирани многу често или понекогаш поради нивното потекло или од расистички причини. 28 отсто биле дискриминирани поради религија или светоглед.

Тринаесет проценти од испитаниците изјавиле дека често или понекогаш се чувствуваат дискриминирани поради нивниот јазик и култура, од расистички или антисемитски причини или затоа што доаѓаат од друга земја. Во слично истражување во 2008 година, шест проценти пријавиле дискриминација поради нивниот „странски изглед“, а седум проценти се чувствувале дискриминирани како странци.

Во изминатите 15 години, генерално повеќе луѓе забележале дискриминација и гледаат потреба од акција. Според сегашното истражување, 70 отсто од испитаниците се за да се направи повеќе за луѓето кои се перципирани како странци. Во 2008 година на такво мислење беа само 43 проценти од испитаниците. Во групата испитаници до 29 години, дури 76 проценти гледаат потреба од акција во тој дел.

Експертката за интеграција во фондацијата Бертелсман, Улрике Виланд, укажува дека во изминатите 15 години е зголемен не само процентот на луѓе со мигрантско потекло во општеството, туку и расизмот и дискриминацијата биле почесто тематизирани во јавноста и „ги направи луѓето во Германија посвесни“.

Повеќе од секој втор испитаник - 56% - смета дека првенствено политиката е таа која треба да се грижи за обезбедување еднаков третман на обесправените групи во општеството. 44% од испитаниците пак сметаат дека тоа првенствено лежи во рацете на институциите.

Најважна задача на државата во борбата против дискриминацијата е воспитно-образовната работа во градинките и училиштата, сметаат 87% од испитаниците. Според 60% од нив, пак, неопходно е и вработување на разновиден кадар во компаниите (во 2008 година таков став имаа 51% испитаници).