1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Субвенции за струја од 12,7 милијарди евра

БГ /РТР
5 октомври 2022

Германската влада ќе ги субвенционира сметките за струја на потрошувачите следната година со 12,7 милијарди евра со што ќе се намали сумата која граѓаните ќе ја плаќаат за дистрибуција на електричната енергија.

https://p.dw.com/p/4HnK8
Германија Далновод
Германската влада ќе ја субвенционира дистрибуцијата на струјатаФотографија: Philipp von Ditfurth/dpa/picture alliance

Четирите германски компании кои ја дистрибуираат електричната енергија до потрошувачите во земјата ќе добијат 12,7 милијарди евра од германската влада со цел да се намалат трошоците за граѓаните поради енергетската криза. Трошокот за дистрибуција на струјата на сметките кои ги добиваат домаќинствата се проценува на околу 10 проценти од целата сума, додека кај индустријата таа е околу една третина од трошокот. 

Владината интервенција ќе ги стабилизира сметките, велат извори во владата и индустријата, кои инаку би пораснале на линија со растечките цени на енергијата и на оперативните трошоци. 

Германија Струја
Штедењето на енергија затемни многу улици во германските градовиФотографија: Annette Riedl/dpa/picture alliance

Надоместот за пренос и дистрибуција на електричната енергија кој го плаќаат германските корисници ќе порасне на 3,12 евроценти, соопштија претходно четирите оператори. За споредба, минатата година таа сума изнесуваше 3,08 евроценти. 

Трошоците требаше да пораснат далеку повеќе поради растот на цените за енергенсите и за балансирање на флуктуациите во снабдувањето на поврзаните европски мрежи, но тие трошоци ќе бидат покриени од владата со 12,7 милијарди евра. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема