1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФР: Поместување надесно во Северна Македонија-ЕУ е соучесник

ЕМФ
11 мај 2024

Со победата на националпопулистите во Северна Македонија поверојатно е зголемување отколку намалување на тензиите во регионот, коментира германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“.

https://p.dw.com/p/4fjcu
Северна Македонија Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ во коментар по парламентарните и претседателските избори во Македонија, пишува дека поразот на „проевропската влада во Северна Македонија не е радосна вест за Западот: со враќањето на националпопулистите, кои се тесно поврзани со унгарскиот создавач на неволји во ЕУ, Виктор Орбан, веројатноста за тензии во регионот, кои ги нема малку, повеќе се зголемува отколку што се намалува“.

Авторот Томас Розер во коментарот оценува дека „поразот на Социјалдемократите во најголем дел е произведен дома“, но сепак, „и Европа е соучесник“: „Со години ЕУ-партнерите не ѝ помогнаа на земјата кандидат за приклучување, која беше принудена дури и да го промени името, туку постојано ставаа нови камења на патот и го одолговлекуваа маратонот на евроинтегрирање започнат уште во 2005 година. Секој што свесно ги пропушта можностите, не треба да биде изненаден од последиците: не само ЕУ-соседите Бугарија и Грција, туку и ноторните блокатори на проширувањето на ЕУ во Париз, Ден Хаг и во германската ЦДУ/ЦСУ, мораат да бидат самокритични, доколку, покрај Будимпешта, а сега и Пекинг и Москва, сакаат повторно да добијат поголемо влијание во Скопје“, коментира „Франкфуртер Рундшау“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема