1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

Уметност во фудбалска еуфорија

СН/дв | агенции
14 јуни 2024

Денеска започнува ЕУРО 2024. Фудбалскиот спектакл во Германија е „зачинет“ и со уметност - како оваа скулптура во Берлин.

https://p.dw.com/p/4h1C2
BdTD Deutschland | Fußballtrikots für die Skulptur Molecule Man in Berlin
Фотографија: Ralf Hirschberger/AFP/Getty Images

Скулптурата „Човек молекула“ дизајнирана од американскиот уметник Џонатан Борофски стои во реката Шпре во германскиот главен град од 1999 година.  Таа се состои од три човечки фигури високи 30 метри и е изработена од перфорирани алуминиумски плочи. Непосредно пред денешниот почеток на Европското првенство во фудбал во Германија, трите човечки фигури на скулптурата беа „облечени“ во дресови на германската фудбалска репрезентација.  ЕУРО 2024 започнува со натпреварот меѓу Германија и Шкотска вечерва (14 јуни, 2024) во 21 часот во Минхен.