ФудбалГерманија
Туширање со пиво за Чаби Алонсо
15 април 2024Реклама
Со фуриозни 5:0 против Вердер Бремен, Бајер Леверкузен ја обезбеди долгоочекуваната прва шампионска титула во клупската историја на пет натпревари пред крајот на сезоната. Благодарение на головите на Виктор Бонифас (25. пенал), Гранит Џака (60.) и хет-трикот на Флоријан Вирц (68., 83., 90.), Бајер достигна преднос во однос на Бајерн од недостижни 16 бода.
Тренерот Чаби Алонсо изјави дека веројатно му треба малку време за да стане свесен за титулата. „Мораме да уживаме во ова. Беше интензивна година. Сè уште не е завршено, но сега е момент малку да прославиме.“