1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сурфање во Англиска градина

7 март 2023

Сурфањето вообичаено се поврзува со сонце и море. Овие страствени сурфери го немаат ниту едното ниту другото.

https://p.dw.com/p/4OKiP
Сурфање на Ајсбах во Минхен
Сурфање на Ајсбах во МинхенФотографија: Peter Kneffel/dpa/picture alliance

Сурферите со своите штици на температури околу нулата се собрани во Англиската градина, во срцето на Минхен. Тие сурфаат на бран на Ајсбах, крак на реката Исар.

Бранот, или т.н. Ајсбахвеле, е направен вештачки, со железнички праг, и за сурфање се користи повеќе од 40 години. Со оглед на тоа што е создаден од човечка рака, на него може да се суфра речиси секогаш. Но, сурфањето овде не е за почетници. Ајсбахвеле крие многу опасности поради тоа што делот погоден за сурфање е многу тесен и се наоѓа меѓу два бетонски ѕида. Освен тоа, струите се многу силни и постои голема опасност од давење.