1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортФранција

Спектакуларен крај на извонредната Олимпијада

СН/агенции
12 август 2024

Олимписките игри во Париз официјално завршија со шаренолика церемонија на затворање. Фокусот беше на спортистите - и обединувачката моќ на олимписките прстени.

https://p.dw.com/p/4jMcf
Olympia Paris 2024 - Schlussfeier
Фотографија: Athit Perawongmetha/REUTERS

Олимписките игри во Париз беа затворени доцна во неделата вечер (11.08.2024) со шаренолика церемонија на затворање. Фокусот беше на спортистите - и обединувачката моќ на олимписките прстени. Се претстави и Лос Анџелес, градот домаќин на наредните Летни игри во 2028 година.

Натпреварите се завршија, доделени се медалите и беше изгаснат олимпискиот оган во Париз. Во 23:58 часот во неделата вечер, претседателот на МОК Томас Бах ги прогласи за завршени 33-те модерни Летни олимписки игри. На ова претходеше незаборавна церемонија на затворање на Стад де Франс која траеше добри три часа.

Како и отворањето, така и церемонијата на затворањето беше во режија на Томас Џоли. Уметничкиот директор ја претвори арената во гигантска концертна сала пред 71.500 гледачи. Повеќе од 100 уметници - од акробати и танчери до циркуски уметници и светски познати пејачи - ја оживеаја избраната тема „записи“ за живот со различни музички изведби.

На спектакуларен начин на церемонијата на затворање на ЛОИ во Париз се претстави и Лос Анџелес, градот домаќин на наредните Летни игри во 2028 година.