1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Славје за Карибите

СН/дв
4 септември 2024

Кој вели дека шарената облека и костуми можат да се носат само на карневал? Парадата за Денот на Западна Индија во Њујорк, на почетокот на септември, привлекува посетители со шареноликиот фестивал.

https://p.dw.com/p/4kFD1
BdTD USA | West Indian Day Parade in New York
Фотографија: Cheney Orr/REUTERS

Како и секоја година, на почетокот на септември, Њујорк е домаќин на парадата на Денот на Западна Индија - шарена поворка во чест на карипските земји како Тринидад и Тобаго, Хаити и Јамајка. Парадата слична на карневал постои од 1930-тите години. Оваа година, меѓутоа, фестивалот остана во сенка на нападот во кој неколку луѓе беа повредени од огнено оружје.