КатастрофиЕвропа
Поплави од библиски размери во Централна Европа
16 септември 2024Реклама
Ситуацијата и понатаму е тензична во соседните земји на Германија - Австрија, Полска и Чешка, кои се погодени од поплави. Поројниот дожд поплави цели области во овие земји за време на викендот, а најмалку осум лица загинаа во поплавите до неделата вечерта. Уште четири лица се водат како исчезнати во Чешка. Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани, стотици илјади останаа без струја, а патиштата и железничките линии мораа да бидат затворени. Брани се закануваат да се излеат, реките ги поплавуваат коритата, во многу региони е прогласена вонредна состојба.