Подготовка на џиновски божикен колач
13 ноември 2023Реклама
Пекарите во Дрезден во недела (13 ноември, 2023) земаа в раце 500 килограми брашно за печење на од 250 пандишпани од по седум килограми за традиционалниот џиновски штолен.
Во текот на првата недела од Адвентот, треба да се состави џиновскиот штолен, да се посипе со шеќер во прав и да се претстави на 9 декември на традиционалниот штолен-фестивал во Дрезден.
По парадата низ стариот дел на градот, џиновскиот штолен ќе се продава во парчиња од 500 грама за десет евра. Колачот со суво грозје има свои обожаватели не само во Германија, туку се продава и во повеќе од 50 земји ширум светот.