1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за жените и слободата во Иран

22 ноември 2022

Ирански навивачи ја бодрат својата репрезентација во Катар со знаме на кое покрај зборот „женa“ беа напишани и зборовите „живот“ и „слобода“.

https://p.dw.com/p/4Jqrh
Иран знаме Катар
Ирански навивачи во КатарФотографија: Fadel Senna/AFP

Додека на трибините на натпреварот на Иран против Англија во Катар се вееше ова знаме, на теренот се случи гест кој многу набљудувачи го протолкуваа како важен сигнал на солидарност со демонстрантите во Иран: играчите на иранската фудбалска репрезентација не ја пееја химната пред почетокот на натпреварот. Иранската државна телевизија го прекина преносот во живо додека одеше химната. Играчите би можеле да трпат последици поради тоа што не пееја.

Во Иран се шпекулираше дека можеби може да добијат казна со неиграње доколку не пеат. Иранските активисти се надеваа на ваков гест од страна на играчите. Капитенот на репрезентацијата Ехсан Хаџсафи во неделата (20.11) им изрази сочувство на семејствата на жртвите во Иран. Репрезентацијата треба да прифати дека условите во земјата не се добри и дека луѓето не се среќни, изјави тој, додавајќи дека играчите се свесни за тоа.