Перекот наскоро светско културно наследство?
26 август 2022Реклама
Прочуеното печиво за домашен специјалитет го сметаат луѓето во Баден-Виртемберг, Баварија, Австрија, Швајцарија и во Алзас. Конкуренцијата настрана: занаетот на печење переци би требало да стане нематеријално светско културно наследство. Здружението на пекари од Виртемберг веќе поднесе соодветно барање до УНЕСКО.