Олимписка дисциплина на другата страна на светот
26 јули 2024Одбројувањето започна: Остануваат само уште неколку дена пред светските сурферски ѕвезди да ги покажат своите вештини на легендарните бранови на брегот на Тахити и да се борат за медали на Олимписките игри.
Олимписките натпреварите во сурфање во 2024 година ќе се одржат на островот кој е дел од француската прекуморска територија Француска Полинезија.
Зошто беше изберна локацијата среде Јужниот Пацифик кога има неколку легендарни локации за сурфање на францускиот брег на Атлантикот? Причината е едноставна: условите пресудија. Имено, Хосегор, Лаканау или Бијариц можат да понудат прекрасни услови за сурфање, кои едноставно се премногу ретки во лето. Високата сезона за сурфање таму е во септември и во октомври, а брановите обично стануваат навистина големи само во зима. Затоа Тахити се вистинскиот избор со оглед дека шансите за големи бранови во јули и во август таму изнесуваат околу 60 проценти.