1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Октоберфест во Минхен – пиво и забава

25 септември 2024

Во Минхен е во тек Октоберфест: течат потоци пиво, а составен дел на забавата е и каруселот, за оние на кои не им се врти веќе во главата од алкохол.

https://p.dw.com/p/4l37G
Во Минхен е во тек Октоберфест 2024
Во Минхен е во тек Октоберфест 2024Фотографија: Peter Kneffel/dpa/picture alliance

189. Октоберфест се одржува од 21 септември до 6 октомври 2024. Во Минхен се слеваат илјадници посетители желни за опуштено дружење и забава. Иако на многумина цените годинава можеби малку им го расипуваат расположението и им изгледаат прилично „солени“ – кригла пиво на пример чини меѓу 13,60 и 15,30 евра.