КатастрофиСрбија
Најавени нови протести во Нови Сад: Рацете ви се крвави
5 ноември 2024Реклама
Нови граѓански протести треба да се одржат денеска (5.11) пред железничката станица во Нови Сад. Одржувањето на протестите го поддржаа и партиите на обединетата новосадска опозиција.
Протестите се одржуваат поради трагедијата во која во петокот (1.11) загинаа 14 луѓе, кога на нив падна тешката бетонска настрешница од зградата на железничката станица во Нови Сад.