МузикаГерманија
На концерт на Тејлор Свифт без билет
29 јули 2024Реклама
Последниот концерт на американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт во Германија го следеа речиси 73 илјади фанови - на Олимпискиот стадион во Минхен. Но, во него уживаа и илјадници фанови кои немаа билет. На оваа фотографија се прикажани дел од илјадниците фанови кои во музиката уживаа позиционирани на Олимпиското ритче во близина на стадионот. Според проценките, на ритчето и на околните ливади имало уште околу 40 илјади луѓе. Полицијата соопшти дека сѐ поминало во најдобар можен ред.