1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музеј на бирократијата

СН/дв
23 мај 2024

Германија е нашироко позната по својата гломазна и трома бирократија. А тоа, велат критичарите, го попречува економскиот развој на земјата - со факс не може да се оди во иднината. Сега е отворен и Музеј на бирократијата.

https://p.dw.com/p/4gAXp
Deutschland | Bürokratie Museum in Berlin
Фотографија: Julie Gregson

Германската бирократија им одзема многу време - и на компаниите и на граѓаните. Многу услуги, како што е барањето за возачка дозвола или за лична карта, бараат лични состаноци во канцелариите. А, закажувањето термин често е само прашање на среќа.

Иницијативата за нова лобистичка пазарна економија (ИНСМ) создаде привремен музеј од 350 квадратни метри во Берлин посветен на германската бирократија.

ИНСМ е лобистичка организација која ја финансираат здруженија на работодавачи во металната и електроиндустријата. И тие веќе подолго време водат кампања за помалку бирократија во економијата.

Според одговорните во музејот, за канцелариски термини се трошат во просек два часа и 21 минута. Се вели дека малите и средните бизниси трошат околу 13 часа неделно за подготовка на документи за властите.

Во споредба со другите европски земји, Германија доцни кога е во прашање дигитализацијата на власта и на администрацијата. Многу документи сè уште се испраќаат по факс.