ОпштествоСоединети Американски Држави
Кучешки натпревар во сурфање
6 август 2024Реклама
Кучето Расти е концентрирано на целта – овој пат тоа не е сладок залак или некоја играчка, туку џуџестиот пинчер јава на бран на Светското првенство за кучиња во сурфање.
Да, постои и такво нешто – првенството во сурфање за кучиња се одржа во калифорнискиот град Пацифика. Кучињата таму се оценуваат според стилот, умешноста и упорноста, односно колку долго можат да се задржат на штицата. Настанот служи и за собирање на донации за локалните домови за сместување на кучиња.