Километарска редица за збогување со Кралицата
17 септември 2022Реклама
Безброј луѓе од средата ја користат можноста да ѝ кажат збогум на својата кралица. Тие со часови чекаат во километарска редица долж реката Темза. Вчера наутро (15.09) пристапот до редицата мораше да биде привремено затворен, поради тоа што таа достигна должина од осум километри. Според некои проценки, времето на чекање вчеравечер достигнало до 22 часа. Меѓу оние кои вчера чекаа со часови беше и поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам.
Ковчегот ќе биде изложен до понеделник наутро (19.09), а потоа следува државниот погреб на кралицата Елизабета Втора,која на тронот беше 70 години. На погребот треба да бидат присутни стотици монарси и шефови на држави или влади од цел свет.