1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневалот Нотинг Хил во сенка на насилни инциденти

27 август 2024

Почна весело, но не заврши така: во различни инциденти на фестивалот Нотинг Хил во Лондон, на кој повеќе од половина век се слави карипската култура, повредени се десетици полицајци и посетители, а 230 лица се уапсени.

https://p.dw.com/p/4jx0n
Карневалот Нотинг Хил во Лондон Велика Британија
Карневалот Нотинг Хил во ЛондонФотографија: Alishia Abodunde/Getty Images

Голем број акти на насилство и апсења се случија на маргините на големата карневалска прослава во лондонскиот кварт Нотинг Хил. Полицијата го следеше уличниот фестивал со голем контингент од илјадници припадници на служби за итни случаи, но не беше во можност да спречи прободувања и бројни други насилства.

Во рок од два дена 35 полицајци се повредени, а 230 лица се уапсени за различни прекршоци, соопшти во текот на ноќта кон вторник Метрополитен полицијата.

Карневалот започна во неделата со семеен ден. Првиот ден беше нарушен со неприфатливо насилство, соопшти полицијата. Неколку лица биле избодени со нож и повредени, а еден за влакно избегнал смрт.

Две жртви на насилство беа во смртна опасност по нападите со нож, меѓу кои и 32-годишна мајка која во неделата беше на фестивалот со своето мало дете.

Карневалот Нотинг Хил е основан од имигранти од Карибите, се слави повеќе од 50 години и се смета за еден од најголемите улични фестивали во Европа. Според британските медиуми, во текот на долгиот викенд се очекуваа околу милион посетители.