Гробишта за телефонски говорници
21 јануари 2023Реклама
Од ноември 2022 година во јавните телефонски кабини не може да се плаќа со монети, а на крајот на јануари 2023 година германскиот Телеком ја укинува можноста и за плаќање со телефонска картичка. Она што веројатно би довело до револтирани протести пред неколку години, главно се прифажа рамнодушно во ерата на мобилните комуникации и смартфоните.
Телеком уште пред овој дефинитивен крај за телефонските говорници во Германија започна со отстранување на говорниците од улиците. Од крајот на 2021 година тие завршуваат на своeвидни гробишта за телефонски говорници како овие на фотографијата кои се наоѓаат во местото Михендорф во покраината Бранденбург.