1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фуџи без снег

1 ноември 2024

Сликата на вулканот покриен со снег е еден од симболите на Јапонија. Но, во моментов, планината Фуџи е сè уште без бела покривка. Највисоката планина во Јапонија никогаш не била без снег во овој период од годината.

https://p.dw.com/p/4mTP3
Фуџи во Јапонија
Фуџи во Јапонија без снег на почеток на ноемвриФотографија: YUICHI YAMAZAKI/AFP

Никогаш немало вакво нешто од почетокот на евиденцијата пред 130 години: светата планина Фуџи во Јапонија без снег до крајот на октомври. Вулканот висок 3.776 метри, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО од 2013 година, обично има бел врв од почетокот на октомври. Високите температури оваа година го одложија ова, соопшти јапонската метеоролошка служба.