Еколошка катастрофа на Дрина
23 јануари 2023Реклама
Дрина врти околу Вишеград и носи тони пловечко ѓубре. Сега го прекрива снег, но тука има се` - од пластика до автомобилски гуми. Во водата се поставени синџири кои би требало да го запрат отпадот. Толкавата количина на смет го загрозува и производството на струја во хидроелектраната. Активистите за заштита на животната средина стравуваат дека расчистувањето на реката може да потрае повеќе месеци.