1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Цвеќе за Навални и покрај опасноста од затвор

ЖА
19 февруари 2024

Жена положува цвеќе за Алексеј Навални на Споменикот на жртвите на политички репресалии во Санкт Петербург.

https://p.dw.com/p/4cYkT
BdTD  | Russland - Nawalny
Фотографија: Dmitri Lovetsky/AP Photo/picture alliance

По смртта на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, руски судови осудиле на  кратки затворски казни повеќе од 150 луѓе поради јавно изразување жалост. Само во Санкт Петербург во саботата и во неделата затворски казни до две недели поради прекршување на строгите руски правила за собири им се изречени на 154 луѓе. И во други градови низ Русија има слични судски пресуди, како што јавуваат независни руски медиуми и организации за заштита на човековите права. Без оглед на опасноста, во низа градови во Русија луѓе положуваат цвеќе и палат свеќи за Алексеј Навални на спомениците на жртвите на политички репресалии, каде постојано патролираат и надгледуваат полицајци и лица во цивилна облека.

Во петокот беше соопштена веста за  ненадејна смрт на 47-годишниот Алексеј Навални, познатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин. Опозиционерот се наоѓаше во казнена колонија на север на Русија, а неговиот тим тврди дека познатиот критичар на Кремљ бил најверојатно убиен.