1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честит 11 Октомври - Денот на народното востание!

11 октомври 2022

Северна Македонија денеска одбележува 81 годинa од почетокот на Народноослободителната борба.

https://p.dw.com/p/4I1DP
Споменикот на пандатите борци од НОБ во Скопје
Споменикот на пандатите борци од НОБ во СкопјеФотографија: Government of North Macedonia

Одбележувањето на 11 Октомври годинава се одвива под мотото „Секогаш на вистинската страна“, а централниот настан ќе се одржи пред Спомен-костурницата во Куманово. Се очекува обраќање да има македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Празникот ќе се одбележи и во Прилеп, пред споменикот „Методија Андонов - Ченто“.

На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во 110-илјадна армија. Повеќевековните идеали за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.