Природа и животна срединаКолумбија
Био мода
29 октомври 2024Реклама
Модната креација на оваа фотографија е дело на дизајнерката Ангела Руиз, претставена на модната ревија BioFashion во Колумбија. Станува збор за еколошка иницијатива која за цел има развивање на свеста за зачувување на природните ресурси и управување со нив и каде нови дизајнери креираат облека направена од живи растенија, цвеќе и органски елементи. А ако некој од моделите е гладен – нешто од она што го носат може и да се јаде, без готвење.