1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Фезер: Се прави сѐ за да се фати напаѓачот од Солинген

ЕМФ | агенции
24 август 2024

Безбедносните власти прават сѐ за да го фатат напаѓачот со нож во Солинген, вели германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

https://p.dw.com/p/4jsCZ
Ненси Фезер, сојузна министерка за внатрешни работи на Германија
Ненси Фезер, сојузна министерка за внатрешни работи на ГерманијаФотографија: Frederic Kern/Geisler-Fotopress/picture alliance

Безбедносните власти, според германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, прават сѐ за да го фатат напаѓачот кој во Солинген со нож уби три лица и рани најмалку осуммина. Полицијата во покраината Северна Рајна-Вестфалија (НРВ) ја има сета поддршка од страна на сојузот, напиша Фезер на платформата Х. Таа, како што вели, е во постојан контакт со покраинскиот министер за внатрешни работи на НРВ, Херберт Ројл и безбедносните институции.

Фезер додава дека нападот којшто се случи вчеравечер на градскиот фестивал во Солинген е „потресен“: „Тагуваме за луѓето кои на ужасен начин се оттргнати од животот“, пишува министерката за внатрешни работи.

Напаѓачот од Солинген, според досегашните сознанија, целно ги напаѓал жртвите во вратот. Мотивите за нападот засега не се познати, а тој е во бегство.