1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се тестира комбинирана вакцина против грип и Ковид-19

ЕМФ | афп
4 ноември 2022

Фармацевтските компании Фајзер и Бионтек тестираат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19. Тестирањата се вршат во САД.

https://p.dw.com/p/4J4Lb
Се работи на комбинирана вакцина против грип и Ковид-19
Се работи на комбинирана вакцина против грип и Ковид-19Фотографија: picture-alliance/dpa/Hao Yuan

Првата фаза од студијата со комбинирана вакцина против грип и Ковид-19, заснована на иРНК тахнологијата, се спроведува во САД, со 180 учесници на возраст од 18 до 64 години, соопштија фармацевтските компании Фајзер и Бионтек.

Со новата вакцина би требало да се пружи заштита од две тешки заболувања на дишните патишта. Комбинираната вакцина ги содржи веќе постоечката вакцина против Ковид-19 на двете компании, како и вакцина против грип на Фајзер.

„Со комбинација на двете индикации во една доза, сакаме да им понудиме на луѓето ефикасна можност да се заштитат од две тешки заболувања на дишните патишта, предизвикани од вируси кои постојано се менуваат и за кои и натаму ќе биде потребно прилагодување на вакцините“, соопшти основачот на Бионтек, Угур Шахин.

- повеќе: Невролозите укажуваат на „облак“ во меморијата и автоимуни болести како последица на Омикрон

Во Германија, во моментов, според препораките на Постојаната комисија за вакцини (СТИКО), истовремено може да бидат инјектирани и вакцина против грип и вакцина против Ковид-19, но на различни раце. Според СТИКО, веќе не е потребна пауза од 14 дена помеѓу инјектирањето на овие две вакцини.