1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските комесари во посета на Киев

ЕМФ / дпа
2 февруари 2023

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и 15 еврокомесари пристигнаа во Киев на разговори со украинската влада.

https://p.dw.com/p/4N0Vd
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володмир Зеленски (архивска фотографија)
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володмир Зеленски (архивска фотографија)Фотографија: Efrem Lukatsky/AP/dpa/picture alliance

„Овде сме заедно за да покажеме дека ЕУ цврсто како секогаш стои на страната на Украина“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер. На фотографија таа е прикажана по пристигнувањето во Киев со воз. 

Тема на разговорите во Украина би требало да бидат натамошните можности за поддршка на земјата и перспективата за нејзино приклучување во ЕУ. Меѓу прашањата за кои треба да се разговара, на пример, се напредокот што Украина треба да го направи во борба против корупцијата и можната поддршка од страна на ЕУ на тој пат, како и намалување на трговските бариери, хуманитарна ивоена помошза земјата и планираниот прием на Украина во роаминг-просторот на ЕУ.

Ова е четвртапосета на Фон дер Лајен на Киевод почетокот на руската инвазијана Украина. Но, ова е првпат претседателката на ЕК да допатува со придружба на повеќе еврокомесари. Утре (3.02) би требало да се одржи самит ЕУ-Украина, на којшто се очекува и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.