1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

„Еурека“ – меѓународна рација против италијанската мафија

ЖА / агенции
3 мај 2023

Во повеќе земји во Европа, меѓу кои и Германија, утрово полицијата спроведе координирана рација против калабриската мафија Ндрангета. Извршени се претреси во повеќе од сто објекти, уапсени се десетици осомничени лица

https://p.dw.com/p/4Qpkl
Ндрангета Германија
Удар против италијанската мафија Ндрангета во ГерманијаФотографија: Alex Talash/dpa/picture alliance

Во операцијата „Еурека“ со која е планиран голем удар против шверцерите на дрога од италијанската мафија Ндрангета, безбедносните служби во повеќе европски земји денеска рано утрото извршија серија рации и апсења.

Италијанските до заби вооружени специјални единици на карабињери во повеќе градови уапсиле 108 лица, 15 само во пристаништето на Џенова.

Во истрагата биле вклучени и полициската служба на Европската унија, Европол, како и Евроџаст, службата за правосудство на ЕУ. Освен во Италија, полициски акции се спроведени во Германија, Белгија, Франција, Португалија и Шпанија. Истражителите се сомневаат дека организираната мрежа на мафијата Ндрангета од октомври 2019 година до јануари 2022 година прошверцувала речиси 25 тони кокаин и повеќе од 22 милиони евра по нелегални канали пренесла од Калабрија во Белгија, Холандија и во Јужна Америка. Полицијата во германската покраина Баварија соопшти дека апсењата се резултат на тригодишнаинтензивна истрага против мафијашките структури под кодно име „Еурека“.

Во Германија се извршени претреси на објекти и приведени лица во пет сојузни покраини: Баварија, Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Фалц и Заарланд . Против осомничените меѓу другото постои обвинение за учество и помагање во перење пари, организирано криминално даночно затајување, како и шверц со оружје и со опојни средства во голем обем.

Потрагата била насочена против членови на Ндрангета, мафијашка организација чие упориште е италијанската провинција Калабрија, но која одамна е активна во повеќе земји и се смета за еден од светски најмоќните криминални картели.

Во рамките на полициската акција во Германија, изведена од припадници на специјални единици рано утрово, извршен е претрес на десет објекти во Баварија, против четири лица е издаден налог за апсење. Во Северна Рајна Вестфалија е извршен претрес во 51 објект – куќи, станови, канцеларии и продавници, уапсени се 15 осомничени лица.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема