1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една третина од Германците нема заштеди

ЕМФ | агенции
17 декември 2022

Инфлацијата и зголемените цени се причина поради која не може да се штеди. Но, тоа не е главна причина.

https://p.dw.com/p/4L5pq
Според истражувањето на ИНГ, околу 30 проценти од анкетираните Германци изјавиле дека немаат резерви на пари
Според истражувањето на ИНГ, околу 30 проценти од анкетираните Германци изјавиле дека немаат резерви на париФотографија: picture-alliance/dpa

Инфлацијата ги исцрпува заштедите на многу луѓе во Германија. Според истражувањето на големата холандска банка ИНГ, околу 30 проценти од анкетираните Германци изјавиле дека немаат резерви на пари. „За немањето заштеди секој осми одговорил дека тоа се должи на неодамна нагло зголемените цени“, се вели во студијата. Околу 57 отсто рекле дека не заработуваат доволно за да стават пари на страна.

Во ноември стапката на инфлација во Германија изнесуваше 10%. Укинувањето на корона-рестрикциите и порастот на цените на енергијата и храната ги ставија под дополнителен притисок финансиите на германските граѓани. Сепак, инфлацијата не е главна причина за нештедење. Имено, од испитаниците кои одговориле дека не штедат 57% рекле дека не заработуваат доволно за да можат да штедат.

Порастот на цените на енергијата го зголеми притисокот врз германските граѓани, но тоа не е единствена причина за нештедење
Порастот на цените на енергијата го зголеми притисокот врз германските граѓани, но тоа не е единствена причина за нештедењеФотографија: MiS/imago images

Дали Германија сè уште е „земја на штедачи“?

Според студијата, половина од анкетираните штедат првенствено на дневни потреби, облека и трошоци за угостителство. Дополнително, тројца од десет испитаници рекле дека никогаш не трошат пари на образование. Анкетираните, исто така, сакаат да ги намалат своите трошоци за гастрономија и рекреативни активности во иднина: „Тоа се лоши предзнаци за секторите кои веќе страдаа од мерките преземени во борбата против пандемијата“, пишуваат истражувачите на ИНГ.

Според авторите на студијата, Германија е „земја на штедачите“ само ако се гледаат апсолутните бројки: процентот на оние кои имаат големи резерви на пари се зголемил, но бројот на луѓе со мали заштеди се зголемил уште повеќе.

- повеќе: Кризата ги натера македонските граѓани да го заврзат ќесето и да штедат

Од почетокот на годинава, стапката на штедење на германските домаќинства е намалена за речиси 5 проценти. Според извештајот на Бундесбанката во ноември, стапката на штедење на Германците во првиот квартал од годината изнесувала 14,3%, а во вториот квартал 10,3%. Во третиот квартал се штеделе 9,6% од приходот. Во времето на пандемијата, во првата половина од 2021 година, стапката на штедење изнесуваше историски рекордни 18,2%.