Индустриските отрови и канализацискиот отпад го променија изгледот на реката Вардар, која некогаш беше сина и полна со жив свет. Скопје би требало да добие пречистителна станица за околу пет години. #dw_BalkanBooster-тандемот Ирена Каревска и Ерна Салиху се распрашуваше кај надлежните за штетноста на водата на реката и перспективата за нејзино прочистување.