1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двојните избори ќе ги следат над 2.100 набљудувачи

ДТЗ
7 мај 2024

Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место. Избирачкиот одбор задолжително ќе го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или само за еден

https://p.dw.com/p/4fb25
избори
Двојните избори ќе ги следат над 2.100 набљудувачиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори во среда (8.05) ќе ги следат 1.303 домашни набљудувачи, 860 странски набљудувачи и 83 странски новинари. До ДИК пристигнале уште 14 приговори за заштита на личното избирачко право, од кои на седницата поголем дел се прифатени, а неколку одбиени.

Гласањето ќе се врши лично на гласачките места во државата. Избирачкиот одбор задолжително ќе го прашува гласачот дали сака да гласаза двата вида на избори или сака да гласа само за еден вид на избори. 

Две ливчиња и две гласачки кутии

Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право. Притоа, гласачот го приложува документот за лична идентификација, важечка лична карта или патна исправа, односно за претседателски избори 2024 година лична карта или патна исправа чија важност истекла од 24 јули 2023 година до 24 април 2024 година, а за парламентарните избори гласачот ќе може да гласа со лична карта или со патна исправа чија важност истекла во периодот од 8 август 2023 година до 8 мај 2024 година, кажа Стојаноски.

Гласачот добива два гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида на избори или едно гласачко ливче за изборите за кој се одлучил да гласа и се потпишува во соодветниот извод од избирачкиот список.

Гласачот гласа сам тајно зад гласачкиот параван. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот, името на листата или редниот број на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја. Превитканото гласачко ливче го става во соодветната гласачка кутија. Бидејќи утре ќе се одржат двојни избори во Северна Македонија, на секое избирачко место ќе има две гласачки кутии соодветно обележани.

Во вториот круг на претседателските избори ќе се соочат кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова  и Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата. Според податоците на ДИК, Силјановска-Давкова по првиот круг е во предност со освоени 363.086 гласови (40,08%), додека додека за Пендаровски гласале 180.500 граѓани (19,92%)

На парламентарните избори, граѓание ќе гласаат за нов собраниски состав. Во Собранието се избираат 120 пратеници според пропорционалниот модел, при што територијата на земјата е поделена на шест изборни единици утврдени со Изборниот законик и во секоја изборна единица се избираат по 20 пратеници.

 

Дали ќе гласате на изборите?