6 ноември 2023
Реклама
Шест месеци носење босоноги чевли може да ја зголеми силата на стапалото за 57,4%,
се констатира во истражувањето на Универзитетот Ливерпул од 2021 година. Ова се рефлектира дури и во подобрување на други функции на телото. Даниела Драгослављевиќ, фитнес тренерка од Сараево, Босна и Херцеговина, се уверила во тоа. Таа веќе 13 години носи босоноги чевли, кои ѝ помогнале да ја открие причината за болките во стапалото и да го подобри здравјето:
„Проблемите коишто ги имам, кои се манифестираат на стапалото, левото, всушност доаѓаа од повисоките делови горе, од трупот, од колковите. И тогаш полека почнав да работам и на тие мускули, на оние некои структури кои биле хронично стиснати поради блага сколиоза.“
Повеќе во видеото!