1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борисов се соочува со огромен проблем: Пеевски

Vesselin Stoynev
Веселин Стојнев
12 јуни 2024

ГЕРБ победи на изборите, но победата не изгледа слатка. Борисов има огромен проблем - зголемената непристојна дамка „Пеевски“, која тешко може да се покрие со смоквин лист. Коментар на Веселин Стојнев.

https://p.dw.com/p/4gv9s
Борисов и Пеевски
Борисов и Пеевски - ГЕРБ и ДПС: (невозможна) коалиција?Фотографија: Nadezhda Peeva/BGNES

Резултатот од парламентарните избори во Бугарија како пак да не враќа на работ на политичка криза. Прво, затоа што 50-тото Народно собрание ќе има уште помал легитимитет од претходното, бидејќи е избрано од само една третина од гласачите. Второ, затоа што две третини од партиите во него се од досегашното евроатлантско мнозинство, кое се распадна и неговите членови станаа противници. И трето, затоа што речиси сите се губитници, дури и убедливите победници. 

Речиси сите ја губат поддршката 

Победникот ГЕРБ изгуби 21% од своите гласачи од претходното гласање на 2 април 2023 година - од 670.000 поддржувачи тогаш, денес партијата на Бојко Борисов има 526.000. Голем губитник е „Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија“, чија доверба се преполови - од 621.000 на 308.000. Само ДПС забележа раст од 5% и сега има 366.000 гласачи.

Меѓу партиите од претходната една третина од опозицијата, „Преродба“ ослабе за 17%, БСП загуби цела една третина од постојаното топење на гласачкото тело, кое сега изнесува само 151.000 луѓе, а Има Таков Народ (ИТН) порасна за 22% на 128.000 гласови. Новопојавената формација „Величие“, која освои 100.000 односно 4,65% од гласовите, можеби немаше да влезе во парламентот доколку ја имавме излезноста од претходната, кога со 104.000 гласа ИТН едвај ја премина бариерата од 4 проценти. 

До вчера владејачката ПП-ДБ не само што катастрофално ги загуби изборите, тие не се ни втори. Втор е оној кој беше центар на нивната изборна кампања - ДПС на Делјан Пеевски. И тој веќе станува проблем за првиот -  ГЕРБ на Бојко Борисов чија убедлива победа воопшто не изгледа слатка. 

Непристојно големата дамка „Пеевски“ 

Не само затоа што пратеничките мандати на двете формации не се доволни за независно мнозинство. И да беа доволни, Борисов во неколку наврати веќе изјави дека нема да коалицита само со ДПС. И не затоа што веќе имаме непристојно силен ДПС, кој за прв пат се покажа како носител на сребрен медал. Туку тоа е ДПС на Делјан Пеевски - носителот на „Орденот Магнитски“, личноста која постојано се поврзува со корумпирани медиуми, банкротства на банки и влијание во судството. Непристојна маана толку порасната што тешко може да се покрие со некоја ситна ИТН смоква како коалициски партнер, дури и со малку „Величие“ додадено за раскош. 

Со Пеевски при рака, Борисов тешко може да формира отворена коалициска влада. Но, не постои начин да се префрли одговорноста на ГЕРБ на првиот мандатар. Партијата долго време чекаше да ја преземе власта, а до сега Борисов објаснуваше дека иако била прва, со кабинетот „Денков“ попуштила пред тогашната втора ПП-ДБ.

Сега е апсурдно втората сила да го преземе мандатот - ДПС на Пеевски, без да го сврти целиот парламент и пошироката јавност против двете формации. Формирање на кабинет со трет мандат по избор на претседателот би бил целосно прозирен потег за задкулисното управување, бидејќи таква влада не може да постои без поддршка од првата политичка сила. А, евентуален неуспех и на третиот мандат и одење на нови избори целосно ќе се запише на сметката на ГЕРБ - тој што одбива да владее е жестоко казнет од гласачот, еве што се случи со ИТН кога беше прва сила. Дополнително, Борисов не може повеќе да ја префрла вината за изборите на ПП-ДБ, бидејќи тие се трети и автоматски не добиваат мандат за кабинет, а и ако претседателот ги избере за трет мандат, тоа ќе биде апсурдна сила која изгуби половина од своите гласачи, за сега да ја преземе обврската за формирање на влада. Тоа пак, повторно, не може да се случи без ГЕРБ, а и би претставувало нов сојуз, поради што ПП-ДБ ги загуби изборите.  

Можно е ГЕРБ да бара опција за експертски кабинет со поширока парламентарна поддршка, но тоа повторно тешко може да се објасни како ништо друго освен како смоквин лист што го прикрива непристојното учество на ДПС на Пеевски во него. 

Отворена коалиција или малцински кабинет 

Најчистата опција - отворена коалиција на ГЕРБ и ДПС, заедно со ИТН, е ризична за Борисов, бидејќи тоа е сериозен предуслов ПП-ДБ да заживее како политичка алтернатива, да си ја врати силата како претендент за идната влада.

Можен е и малцински кабинет на ГЕРБ, со пасивна поддршка на ДПС и ИТН, а зошто да не и другите парламентарни сили, вклучително и новото „Величие“. Се чини дека ова е похеројска верзија на преземената одговорност на победникот на изборите. Но, повторно, тешко би можело да се доведе во заблуда јавноста дека тоа е варијанта на владеење на мнозинството, кое веќе беше формирано во претходниот парламент. Особено ако тоа е цврсто закотвено со поделба на новите тела на судството и регулаторите. 

Неможноста ГЕРБ повторно да не прати на избори 

Во секој случај, Борисов нема разумни опции да ја испрати земјата на нови избори. Затоа што може да изгуби многу повеќе од 140.000 гласачи што ги загуби на гласањето во неделата. Две третини од бугарските гласачи кои останаа дома и не најдоа алтернативи, може да најдат една на седмото гласање и да ги избришат претходните парламентарни партии. 

Доколку ПП-ДБ не го најде вистинскиот пат во опозицијата, администрацијата на Борисов може дополнително да ја маргинализира. Опозициската улога поволна за закрепнување по пораз не мора да гарантира успешен политички рестарт. БСП на Корнелија Нинова е најдобар доказ дека може одржливо да се претопите во опозиција, без притоа да морате да бидете притиснати од владејачката партија. 

***
Овој коментар го изразува личното мислење на авторот и можеби не се совпаѓа со ставовите на бугарската редакција и на ДВ во целина.

Vesselin Stoynev
Веселин Стојнев Веселин Стојнев е аналитичар и колумнист на бугарската редакција на Дојче веле од 2020 година
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема